Бизнис
8. August 2019 - 16:39

Не се доволни само субвенции, за обнова на возниот парк потребни се и кредити без камата

Освен субвенции за купување на нови коли  потребни се и кредити без камати. Мерката со која државата ќе субвенционира до 3.000 евра за купување на нови или половни  автомобили со најмалку ЕУРО 5 еколошки стандард  од ССК сметаат дека е  добра, но за да ги даде посакуваните  ефекти  потребно е и банките да обезбедат евтини кредити преку кои граѓаните ќе ги обезбедат остатокот од парите потребни за купување на нов автомобил.

Сепак според нивните сознанија во другите земји субвенциите  се делат главно  за нови коли  кои не ја загадуваат  околината, а не и за половни како што  се предвидува со измените во законот.

Сопствениците на плацеви  за половни возила пак посочија дека мерката минимално ќе им ја зголеми продажбата зашто граѓаните најчесто купуваат коли произведени во 2006 и 2008 година кои се поевтини и се со помал еколошки стандард.  Со ЕУРО 5 стандар се произведени  во 2010 и се поскапи. 

За да се  добие државната субвенција  до 3.000 евра новото возили треба да биде со најмалку еуро 5 еколошки стандард и да не е поскапо од 12 илјади евра. Старата кола пак ќе мора да се однесе на отпад и да се одјави од МВР.

Заклучно со јуни годинава во земјава се увезени над 16 илјади половни и 3090 нови возила.