Не постои лек за мамурлак, а науката не ја знае причината

Тешка храна и многу вода нема да помогнат по големите пијанства да се излечи мамурлакот следното утро, покажуваат холандските истражувања, јави Би-Би-Си.
Наместо тоа, се заклучува во студијата, единствен начин да се делува на мамурлакот е помалку да се пие.
Научниците на примерок од 800 студенти истражуваа како се одвива борбата со мамурлакот. Дел од студентите јаделе храна по алкохолот, вклучувајќи и тешка храна и обилен појадок со надеж дека ќе ги избегнат посталкохолните главоболки и вртоглавицата. Со иста цел дел од нив пиеле вода и пред одење во кревет и по станувањето. Ни една од групите немале поголеми разлики во тежината на главоболките.
- Водата ќе помогне да ја задоволи жедта, но нема ја излечи мачнината и главоболките, вели професор Јорис Верстер од универзитетот во Утрехт.
Поранешните истражувања утврдија дека четвртина од оние кои пиеле тврдат дека никогаш не страдале од мамурлак. Холандските научници тврдат дека тоа е затоа што „пијат премалку за мамурлакот да се развие“. По нивните истражувања, меѓу студентите кои „навистина добро“ се напиле немало имуни на мамурлакот.
- Работата е многу едноставна, изјави Верстер. - Колку повеќе пиете, поголема е веројатноста за мамурлак.
Дел од проблемите со мамурлакот лежи во тоа што научниците не знаат што точно го предизвикува.
- Истражувањата покажаа дека тоа не е само дехидрација. Знаеме дека имунолошкиот состав е некако поврзан, но додека не бидеме сигурни што го предизвикува, мала е веројатноста дека ќе го пронајдеме лекот, рече Верстер. (Хина).
Ново на Сител
-

МВР денеска ги тестира камерите за „Безбеден град“ во Куманово и Тетово
-

На Попова Шапка изутринава минус еден степен, во Гевгелија 8
-

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени парични казни од 618 илјади евра | ФОТО
-

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“
-

Состојба на патишта
-

Крводарителска акција во чест на хуманоста на Тоше Проески
-

СЗО жали за повлекувањето на САД
-

ЕУ и Советот на Европа договорија создавање тим за формирање на Специјален суд за агресијата врз Украина
