-->
-->
Не помогнаа и солзите до Путин, Исибнаева без настап во Рио
-->

Двократната олимписка шампионка Елена Исинбаева дефинитивно нема да уќествува на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, откако Меѓународната атлетска федерација (IAAF) негативно одговори на нејзината молба.
Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), минатата недела донесе одлука да не ја суспендира целата руска експедиција од ОИ, но им остави можност на меѓународните спортски федерации да одредат кој може да настапи на Игрите во Рио де Жанеиро.
IAAF пред неколку месеци ја суспендира целатат руската репрезентација поради системско користење на допинг, а настап на ОИ и овозможи само на Дарија Клишина, која последните три години тренира во САД и редовно била тестирана.
„Добив негативен одговор од секретарот на IAAF. За жал не направија исклучок во мојот случај. Не ми дозволија да одам во Рио. Чудото не се случи“, напишала Исинбаева на Инстаграм.
Претходно Исинбаева со солзи во очите се обрати до претседателот Путин, со зборовите „ПРетседателе помогнете ни!“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка со 10 повредени
-

Oхрид доби културен информатор
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Обвинителството бара притвор за осуммина за проневерата на милиони во ФФМ
-

Доктор и медицинска сестра од клинички сакале да шверцуваат ботокс од Република Кореја
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
