Бизнис
30. јуни 2022 - 16:34

Не очекува тешка енергетска зима – власта тврди дека ќе нема рестрикции на струја

Тешка зима не  очекува сметаат добрите познавачи од областа на енергетиката . Цената на струјата од 1 јули ќе се зголеми за 7, 4 проценти. Поскапување на киловатите ќе има кај сите домаќинства и оние кои се во првиот и оние од последниот блок.Со тарифната реформа за пресметка на цената на струјата  како што потврдија уште еднаш од регулаторната комисија за енергетика им се помага на најранливите категории на граѓани оние кои што трошат помалку, ќе плаќаат помали сметки за разлика од оние кои трошат повеќе.

Рестрикции нема да има но глобално во делот на енергетиката се прават сите подготви за зголемување на производството на електрична енергија а се водат и преговори за снабдување со природен гас.

Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу вели најголемата криза е предизвикана од војната во Украина, сите држави се во грч најмногу од поскапувањето на енергенсите.

На македонско енергетскиот форум беше посочено дека нашата земја активно е вклучена во повеќе процеси на развој и имплементација на неколку големи и стратешки важни проекти за обновлива енергија кои ќе ја обезбедат енергетска безбедност.