Кошарка
21. October 2016 - 9:52

Не му одеше во МЗТ се скраси во Слам Стал

Довчерашниот тренер на МЗТ Скопје, Емил Рајковиќ кариерата ја продолжува во Полска во редовите на БМ Слам Стал. 

Рајковиќ замина од редовите на македонскиот првак по четирите порази во АБА лигата како што изјави од морални причини.
Во редовите на Слам Стал македонскиот првак доаѓа на местото на Зоран Сретеновиќ кој нанижа три порази во домашното првенство со тимот од Острово Велкополски.