Не издржа ни година во брак, Александра Накова се разведува
Кон средината на месец март минатата година, поранешната манекенка и некогашна учесничка на реалното шоу „Преживеан“, Алекдандра Накова, заплови во брачните води со кошаркарот Никола Гајдаџиев.
Набрзо потоа се реализираше како мајка и на свет ја донесе малечката Леа.
Оттогаш, Накова е скриена од погледите на јавноста, а во медиумите се поретко можеме да прочитаме некој новитет поврзан со неа, освен што на Инстаграм изненади со својот фит изглед после породувањето.
По се изгледа периодов беше затишје пред бура, со оглед на тоа што во нејзината родна Гевгелија на големо се шушка дека Накова и нејзиниот сопруг Никола се разведуваат.
Она што е далеку од очите на јавноста секогаш предизвикува скокотлива љубопитност, па така Александра повторно е топ тема на шпекулации.
Според чаршиските муабети, тиквата меѓу познатите сопружници пукнала, а наводно поднеле и документи за развод.
Сепак, времето ќе покаже дали постои вистина во ваквите трач муабети кои воопшто не се изненадувачки со оглед на тоа дека јавноста досега ги разведе и Тамара Тодевска, Тијана, Елена Велевска…
Ново на Сител
-
Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот
-
Соработувале со Русите и планирале да ја саботираат армијата, Германија уапси две лица
-
Приведени крадци во Битола
-
Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол
-
Артета: Арсенал имаше многу периоди на доминација, но тоа не беше доволно да го поминеме Баерн
-
Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ
-
Приватна средба на полскиот премиер со Трамп
-
За брзо возење казни за 140 возачи на територија на цела држава