Не е пријавено силување на девојката која вчера се самоуби во скопски Аеродром
Скопската полиција нема регистрирано никаква пријава за силување во последните 48 часа и нема информации дека дваесетгодишната Стефани Брзанова, која вчера си го одзеде животот во скопската населба Аердром била нападната од такси возач, како што тврди нејзината мајка.
- Нема никаква пријава за силување во СВР Скопје. Проверфени се сите станици во градот. Не знаеме од каде се тврдењата на мајката на починатото девојче, велат од МВР.
Акелсандра, мајката на Стефани, тврди дека ноќта пред самоубиството нејзината ќерка била силувана од таксист, дека е пријаверно во полиција и дека има осомничени.
-Таа доби работа на брод и требаше да замине во Америка на 9 април. Вчера се случи нешто трагично за неа, кое, ете не можеше да успее да го надмине и да продолжи да живее. Ноќеска ја силувал таксист кој требало да ја донесе дома. Слушнав како вреска ноќеска се стрчав и ја најдов распарталена и избезумена. Ми кажа дека таксистот ја силувал. Веднаш пријавивме на полиција и истрагата е во тек. Знаев дека за моето дете тоа е ужас но не помислив дека ќе се реши да си го одземе животот. Утрово, ете, без да забележам се реши на најстрашното – вели за Либертас мајката на 20-годишната Стефани.
Телото на Стефани е предадено на судските вештаци за обдукција кој треба да ги провери наводите на мајката.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?