Loading Video...
Бизнис
18. December 2020 - 16:33

Не дојдоа нови, но не си заминаа ни старите инвеститори

Ниту една странска компанија не дојде да инвестира во земјава годинава. Но и ниту една не си замина, велат надлежните. Компаниите што си одат се оние со кои договорот е раскинат затоа што не почнале навреме со градежните активности, тврди директорот на ТИРЗ. Тој вели дека нови инвестиции нема поради пандемијата.

За инвестицијата на јапонски ТОЈО ТАЈЕРС во Србија во време на корона кризата објасни дека двете страни се договориле поодамна, и дека и кај нас за следната година е планирано да се потпишат договори со нови инвеститори.

Деспотовски нагласи дека се работи на тоа да се зголемат платите на 14 000 граѓани кои работат во зоните а земаат пониска просечна плата од останатите во државата.

Премиерот Заев во предизборните ветувања рече дека ќе ги донесе ИКЕА и Блекстоун како и неколку други странски инвестиции. Но засега нема информации кога ќе дојдат овие инвеститори.

Странските директни инвестиции се во минус и во третиот квартал годинава, објави Народната банка. Бележат нето-одлив од 5,4  милиони евра наспроти 94 милиони евра прилив за истиот период лани.