Тројцата пријатели Армин С. (31), Волфганг Е. (30) и Кристоф С. (31) тргнале на одмор на островот Занзибар преку Најроби, меѓутоа таму никогаш не стигнаа.
Кристофер С. требало наскоро да стане татко. Тој живее со својата бремена девојка во Штаер во Горна Австрија каде бил на специјализација. Во мај требало да го добие своето прво дете.
На кобниот лет бил и пасторот Норман Т. (51) кој пред 2 децении дошол од Германија на служба во Корушка. Тој зад себе ја остави сопругата и три ќерки од 10, 14 и 16 години.
Лекарот Армин С. работел во Линц во Болницата на милосрдните сестри. Неговите колеги се во шок и се уште не може да веруваат дека останале без млад и перспективен лекар. Пред болнциата е истакнато црно знаме.
Третиот лекар Волфганг Е. родум од Корушкеал живеел во Виена и бил еден од говорниците на конгресот на 8. март во Копенхаген, и персепективен лекар.
Цела Австрија е во шок и тагува поради загубата на четири свои граѓани во падот на авионот.