НБРМ: Растат потрошувачките и станбени кредити, паѓаат автомобилските
Граѓаните се повеќе се задолжуваат за станови, се помалку за авотмобили.
Податоците на НБРМ за јули покажуваат двоцифрена годишна стапка на раст на станбените кредити од 13,7%, па граѓаните сега должат над 600 милиони евра по овој основ.
Според намента, сепак најголема вкупна сума физичките лица должат по основ на потрошувачките кредити, кои во јули имале значителен пораст, од 12’% и надминуваат милијарда 141 милион евра.
Долгот на кредитни картички е 200 милони евра, во благ пад од половина процент во однос на ланскиот јули.
Граѓаните се и над 104 милиони евра во минус на тековните сметки, уште една ставка која е во пораст, за 4,5% во однос на истиот месец минатата година.
Значителен и во континуитет е падот за авотмобилските кредити кои во јули се намалиле за 10,8% и изнесуваат нешто под 5 милиони евра.
Кредитите на домаќинствата бележат вкупен раст од 9.8%, додека кај компаниите има благо зголемување за 0,8%, велат податоците на Народната банка.
-
Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар