НБРМ: Раст на кредитирањето на претпријатијата
Раст на кредитирањето на претпријатијата е забележано на пазарот во ноември 2015 година. Во последниот извештај на НБРМ се наведува дека вкупните кредити во ноември се повисоки за 7,9 отсто што е над проекцијата во октомври за четвртиот квартал од 7,7 отсто.
Во однос на септември вкупните кредити се повисоки за 2.503 милиони денари, што претставува 37,2 отсто од проектираниот раст за четвртиот квартал согласно со октомвриската проекција.
Според НБРМ, структурата на кредитирањето во ноември покажува раст на кредитите на претпријатијата наспроти забележаното намалување во претходниот месец и натамошен раст на кредитите на домаќинствата со умерено послаба динамика во споредба со претходниот месец.
Заклучно со ноември е остварен близу 40 отсто од проектираниот кредитен раст за четвртиот квартал.
Остварениот годишен раст на вкупните кредити во целост произлегува од зголемувањето на денарските кредити, додека девизните кредити бележат пад на годишна основа.
Во ноември учеството на нефункционалните кредити забележа умерено намалување во однос на претходниот месец и изнесуваа 11,2 отсто.
Раст, според објавениот извештај, е забележан и кај депозитите, кој во неомври се должи на растот на депозитите на домаќинствата од 42 проценти главно во странска валута. Раст натаму бележат и депозитите на корпоративниот сектор, но забавен споредено со претходниот месец.
На годишна основа вкупните депозити во ноември се повисоки за 6,5%. Состојбата на вкупните депозити е речиси на ниво на проектираната за крајот на годината што според НБРМ упатува на можно натфрлање на октомвриската проекција за крајот на четвртиот квартал од 3,7 проценти.
Во извештајот стои дека економијата имала раст и во третиот квартал согласно со октомвриската проекција. Носечки сектор било градежништвото, а од аспект на побарувачката, структурата на растот упатува на домашната побарувачка како клучен носител на економскиот раст.
Ново на Сител
-
Хоспитализираниот тренер на Унгарија е во добра состојба, откако му се слоши на мечот со Холандија
-
Руската опозиција во Берлин ги организира првите антивоени демонстрации во странство
-
Мицкоски:Изразена волја од двете страни за доближување на ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот
-
Костадиновски: 33 години од донесување на првиот Устав, овој ден нека е потсетник на обврската да се сочува системот на вредности
-
Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници