НБРМ организира конференција за плаќања и пазарна инфраструктура
Десеттата јубилејна конференција за плаќања и пазарна инфраструктура: „Двигатели на интеграцијата на плаќањата во Европа – иновации и соработка“, од денеска до 7-ми овој месец ќе се одржи во Охрид во организација на Народната банка на Република Македонија, а во соработка со централните банки на Холандија и Португалија.
На годинашната јубилејна конференција најавено е учество на претставници од Европската унија, односно од Европската централна банка, централните банки коишто му припаѓаат на Европскиот систем на централни банки и од Европската комисија, од Банката за меѓународни порамнувања и Светската банка, како и меѓународниот депозитар за хартии од вредност „Еуроклиар“ (Euroclear) и „Комерцбанк“ (Commerzbank).
Од НБРМ информираат дека на конференцијата ќе се обрати членот на Извршниот одбор на Европската централна банка, Ив Мерш, во чија надлежност се прашањата од платежната област во Европската унија, гувернерот на Банката на Холандија, Клас Кнот, членот на Одборот на директори на Банката на Португалија, Хелдер Росалино, како и челници на институции со коишто долги години го остваруваме овој проект.
За квалитетот, традицијата и препознатливоста на оваа конференција сведочи големиот број претставници од 19 централни банки, и тоа не само од регионот туку и од Западна, Централна и Источна Европа, Заедницата на независни држави, Блискиот Исток и Северна Африка.
Конференцијата ќе опфати теми преку кои предавачите ќе се осврнат на иновациите во платежната област, финансиската технологија, дигиталните валути, безбедноста на плаќањата, развојот на инфраструктурата за порамнување на хартиите од вредност, како и за новата регулатива во платежната област во Европската унија.
На последниот ден од Конференцијата, покрај обраќањето на претставниците од централните банки, ќе биде организирана панел-дискусија во рамки на којашто гувернерите, членовите на одборите на централни банки и експерти ќе дискутираат за тоа како домаќинствата, компаниите и владите во националните економии ќе плаќаат во 2025 година, односно дали ќе претпочитаат користење дигитално банкарство и дигитални технологии наспроти употребата на готовина.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228