НБРМ: Од 15 мај во оптек книжни 10 и 50 денари
Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната седница донесе Одлука од 15 мај годинава да бидат пуштени во оптек книжни пари изработени од полимер, во апоени од 10 и 50 денари.
На седницата, како што соопшти НБРМ, била донесена и Одлуката за повлекување од оптек на книжните пари во апоени од 10 и 50 денари што се во оптек од 8 септември 1996 година, а се употребуваат и во моментов.
- Согласно со оваа Одлука, на денот кога ќе бидат пуштени во оптек книжните пари во апоени од 10 и 50 денари, изработени од полимер, книжните пари со истата апоенска вредност, коишто се во оптек од септември 1996 година престануваат да бидат законско средство за плаќање. Нив, правните и физичките лица ќе можат бесплатно да ги заменат со други книжни и ковани пари со еквивалентен износ. Замената на книжните пари, од 15 мај годинава до 15 мај следната година, ќе ја вршат деловните банки основани во Република Македонија, а по овој период, замената ќе се врши во Народната банка, се наведува во соопштението.
Советот на седницата донесе Одлука од 15 април годинава да бидат пуштени во оптек ковани пари во апоен од два денари, со ознака на ковање „2018“.
- Со пуштање во оптек на овие ковани пари во готовинскиот платен промет на Република Македонија, во важност ќе бидат, паралелно, и кованите пари во апоен од два денари издадени претходно. На седницата беше донесена и Одлука согласно со која од 2 мај годинава ќе бидат пуштени во оптек и книжни пари во апоен од 100 денари, со ознака за печатење „МАЈ 2018“, по што во важност ќе бидат, паралелно, и книжните пари со истата апоенска вредност издадени досега, се додава во соопштението од НБРМ.
Советот на НБРМ донесе Одлука за начинот на вршење супервизија и надзор, со која се овозможува натамошно унапредување на начинот на кој НБРМ врши супервизија на деловните банки во Републиката и надзор на работењето на лица поврзани со деловна банка, на други лица во банкарска група и на друштво за помошни банкарски услуги.
Со Одлуката се врши приближување на супервизорската практика на Народната банка до практиката којашто се применува од страна на Европската централна банка и од страна на националните супервизорски органи од Европската Унија коишто се членки на единствениот супервизорски механизам.
На денешната редобна седница Советот разгледа и други прашања од својата надлежност.
Ново на Сител
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен
-
ДКСК утре ќе му одговори на Собранието дали смее да бира претседател на Антикорупциска
-
Полицијата ја врати разрешената директорка од Демир Хисар од информативен разговор, не ја викнале денес
-
Мицкоски е подготвен да плати „политичка цена“ со непопулистички мерки против поскапувањето на храната
-
Македонија има визија за Вештачка интелигенција, но само декларативно