Бизнис
25. May 2017 - 16:23

НБРМ ја намали прогнозата за економскиот раст

Народната банка ги намали економските проекции за оваа и следната година.

Ако во октомври очекуваше раст на брутодомашниот производ од 3,5% сега прогнозата е 2,5 проценти раст во услови на пролонгирана домашна криза која негативно влијае на однесувањето и довербата на економските субјекти.

Монетарната власт потенцира дека и овие проекции покажуваат потенцијал за умерен економски раст, стабилни цени и солиден раст на кредитите, под препоставка за стабилизирање на домашните политички услови.

Главните фактори за раст годинава ќе бидат извозот, личната потрошувачка, продолжување на капиталните проекти.

Цената на политичката криза се огледува во намалените резултати на економијата. Клучно во претстојниот период е да се стабилизира политичката состојба, порача Народната банка.