НБРМ: Економскиот раст под планот
Народната банка вчера одржала седница на која што одлучила основната каматна стапка на благајничките запаси да ја задржи на нивото од 6,3%. Тоа е прилично високо ниво и се должи на борбата која монетарната власт веќе подолг период ја води со инфлацијата.
- Во услови на стабилен девизен пазар, главниот акцент при носењето на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика беше ставен на потребата од стабилизирање на инфлацијата на историски ниските нивоа и инфлациските очекувања на потрајна основа, имајќи ги предвид присутните ризици, коишто во голема мера се поврзани со геополитичките тензии, објаснуваат од Народната банка.
Оттаму додаваат дека очекувано во март инфлацијата скокнала од 3 на 4% поради укинувањето на замрзнатите цени но дека ова покачување на инфлацијата е под очекувањата на банката. Девизниот пазар е оценет како стабилен со соодветно ниво на државните резерви.
Сепак, остварениот раст на економијата и во последниот квартал од минатата година но и во цела година е само 1% и тоа е под очекувањата на банката.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра