НБА: Време е за плеј-оф
Заврши регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Последните натпревари ја формираа табелата во Источната конференција, односно Индијана и Чикаго ќе играа во плејофот, а Мајами ја заврши сезоната.
НБА сезоната на првото место ја заврши Голден Стејт (67победи, 15 порази), овој тим ја освои Западната конференција и ја обезбеди предноста на домашниот терен во плејофот. На Истокот првото место го освои Бостон.
Според пласманот во првото плејоф коло на Истокот ќе играат Бостон-Чикаго, Вашингтон-Атланта, Кливленд-Индијана и Торонто-Милвоки.
На Западот Голден Стејт во првото коло за противник ќе го има Портланд, доколку ги мине Блејзерси во полуфиналето кошаркарите на Голден Стејт ќе играат против подобриот од серијата помеѓу ЛА Клиперс и Јута.
Сан Антониот ќе игра против Мемфис, а веројатно најинтереснната серија ќе биде онаа помеѓу Хјустон и Оклахома, во која еден против друг ќе играат кандидатите за МВП наградата Џејмс Харден и Расел Вестбрук.
Ново на Сител
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата
-
Токсикологија поплавена, Клиниката два месеци не е осигурана