-->
-->
НБА: Смртно застрелан играч на Њу Орлеанс
-->
Кошаркарот на Њу Орлеанс Пеликанс. Брус Дежан-Џонс почина од повреда од огнострелно оружје во стомакот, објавено е ноќта кон неделата на официјалната страница на американската НБА лига, која се повикува на соопштението на судската медицина во Далас, во сојузната држава Тексас.
Според полицискиот извештај, инцидентот во кој смртно настрадал 23-годишниот играч се случил во текот на ноќта во Далас, кога полицијата била повикана поради истрели. Нејзините службеници го пронашле Дежан-Џонс кој бил смртно застрелан откако според жителот на станот кој не е именуван со кршење на влезната врата влегол во неговиот апартман и не одговорил на неговите повици, по што овој влегол во својата спална соба каде што го чувал пиштолот и стрелал во натрапникот.
Ранетиот спортист излегол во ходникот каде што се срушил и бил пренесен во болница каде што подлегнал на повредата. Според полицијата, кошаркарот и сопственикот на станот се познавале.
Според Управата на градската полиција на Далас, кошаркарот бил жртва на недоразбирање.
Агентот на спортистот, Скот Николс, за медиумите изјави дека Дежан-Џонс допатувал во Далас на роденденот на неговата ќерка, која наполнила една година. Мајката на девојчето неодамна се преселила, а таткото, кој никогаш не бил на новата адреса, го згрешил катот.
Клубот во соопштение во саботата исто така ја потврди смртта на Дежан-Џонс „кој имаше многу ветувачка иднина“. „Нашите мисли се со семејството на Брус во овие тешки моменти“, се вели во соопштението на Њу Орлеанс Пеликанс.
Дежан-Џонс во февруари во годинава потпиша три годишен договор со Пеликанс, откако претходно имаше настапувано во три универзитетски екипи. Пред тоа тој склучи десетдневен договор. Бекот играше во стартната петорка на 11 од 14 мечеви пред да го скрши зглобот на раката, поради тоа што беше на операција и остана надвор од терените до крајот на сезоната. На мечевите на кои настапуваше забележа просек од 5,6 поени, 3,4 скока и 1,1 асистенција за просечно 20 минути мината на паркингот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите
-
Рјабков: Русија и САД наскоро ќе се договорат за нова рунда преговори
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија