-->
-->
НБА: Шампионот го „кутна“ и Мемфис
-->
Голден Стејт се наоѓа на чекор до израмнување на рекордот на Чикаго Булс од сезоната 1995/1996 (72 победи, 10 порази), откако изминатата ноќ, минимално славеше над Мемфис 100:99.
Кошаркарите на актуелниот шампион вложија многу труд за да слават на десеткуваниот Мемфис, откако во последните шест минути надополнија негатива од десет поени.
Голден Стејт се мачеше во нападот, ударната двојка Кари-Томпсон погоди само три од 20-те обиди за три поени.
Кари мечот го заврши с 17 поени, девет скокови и осум асистенции, а повеќе кошеви од него постигнаа Дрејмонд Грин (23 поени, 11 скокови) и Томпсон (20 поени).
Мемфис го предводеше Мет Барнс со 24 поени и 15 скокови.
Голден Стејт, на два меча до крајот на сезоната, има 71 победа и девет порази. До крајот Вориорс ќе гостуваат во Сан Антонио и же го пречекаат Мемфис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија