-->
-->
НБА: Се разигра Дурент
-->

’Трипл дабл’ учинокот на Кевин Дурент и исклучувањето на Блејк Грифин ја одбележаа ноќта помеѓу четвртокот и петокот во НБА.
Дурент против Атланта го забележа седмиот ’трипл дабл’ во кариерата (25 поени, 12 скокови, 10 асистенции), а Оклахома славеше над Атланта со 107:94. Покрај Дурент одличен меч одигра Расел Вестбрук (23 поени, 10 асистенции), а двоен ефект имаше и Серж Ибака (23 поени, 10 скокови), додека кај Атланта потфрли Ал Хорфорд со девет поени (3/14 од поел) и седум скокови.
Чикаго ја прекина серијата од три порази со триумфот над ЛА Клиперс (83:80). Мечот го одбележа исклучувањето на Блејк Грифин, кој поради ’боксерски’ фаул врз Таж Гибсон мораше да го напушти теренот во финишот на третата четвртина.
Пау Гасол со 24 поени го предводеше Чикаго, а Грифин и покрај исклучувањето беше најефикасен кај Клиперси со 18 поени и 11 скокови.
Сакраменто запиша минимална победа над Њујорк (99:97), Демаркус Казинс забележа 27 поени и 11 скокови, а Режон Рондо 16 поени и 12 асистенции за Сакраменто, а кај Њујорк најекспониран беше Кармело Ентони со 23 поени, 14 скокови, четири асистенции и по една блокада и украдена топка.
Во дуелот на најлошите тимови на Истокот Бруклин славеше над Филаделфија(100:91). Андреа Барњани со 23, односно Тадеус Јанг со 18 поени и 11 скокови го предводеа Бруклин до седмиот триумф во првенството. Филаделфија има скор од една победа и 22 порази, а против Бруклин го запиша 13-от пораз на домашен терен од почетокот на сезоната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Лишен од слобода тетовец затоа што на автопатот Тетово-Скопје возел во спротивен правец
-

Харт: НАТО внимателно го следи развојот на настаните во Иран и блискоисточниот регион
-

Вчера приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Мицкоски во посета на Свети Николе по повод празникот Тодорова сабота
-

МНР за Сител: 9 македонски државјани побарале евакуација од Израел - небото е затворено до понеделник
-

Почина проф. д-р Владо Јаневски
-

Уставниот суд почнува нова ера на транспарентност: Од 4 март седниците во живо пред граѓаните
-

МНРиНТ и амбасадите во Доха и Абу Даби апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош
