Кошарка
16. July 2015 - 9:49

НБА: Радуљица од НБА во Панатинаикос

Центарот на кошаркарската репрезентација на Србија, Мирослав Радуљица го засили грчки Панатинаикос. Радуљица кој изминатите недели тренираше со Сакраменто договорил двегодишна соработка со ’зелените’ од Атина.
 
Покрај Панатинаикос интерес за српскиот центар покажувале Макаби, Сакраменто и уште неколку НБА екипи, но тој се решил да ја продолжи кариерата во Атина на чија клупа од оваа сезона ќе седи српскиот селектор Александар Ѓорѓевиќ.
 
Радуљица минатата сезона ја започна во Милвоки потоа беше трејдуван во ЛА Клиперс каде доби отказ па се пресели во Кина, во Шандонг Лајонс, а едно време играше и во Минесота.