-->
-->
НБА: Победи на Бостон и Г.Стејт
-->

Бостон го изедначија резултатот во серијата со Милвоки Бакс, а Голден стејт ја забележаа третата победа против Мемфис за предност во серијата од 3:1.
Добивај вести на вибер
Бостон Селтикс со победата 116:108 победија на теренот на актуелните шампиони Милвоки Бакс. Со оваа победа Селтикс го поништија брејкот што го направија играчите на Милвоки на почетокот на серијата.
Ветеранот Ал Хорфорд ги предводеше Селтикс со 30 поени и осум скока. Хорфорд промаши само три шута. Покрај тоа одигра одлична одбрана врз Јанис Адетокумбо во последната четвртина.
И покрај тоа Јанис мечот го заврши со 34 поени и 18 скокови.
Хорфорд голема помош доби од Џејсон Тејтум со 30 поени и 13 скокови.
Голден стејт Вориорс со пресврт во последниот период успеаја да го одбранат домашниот терен од Мемфис и сега победа ги дели од пласманот во финалето на Западот. Вориорс славеа со 101:98.
Вориорс во последната четвртина надоместија минус од 12 поени. Во последниот период Вориорс постигнаа 39 поени, поен повеќе од она што го постигнаа во целото прво полувреме.
Клучниот потег го имаше Дрејмонд Грин, кој на 13 секунди до крајот при резултат 98:95 го блокираше на шутот за три поени Џарен Џексон.
Стеф Кари со лош процент на реализиција (10/25, тројки 4/14) ги предводеше Вориорс. Кај Мемфис се истакна Џарен Џексон со 21 поен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
