-->
-->
НБА плеј оф: Голден Стејт по продолжение до „брејк“ победа со Портланд (3-1)
-->
Екипата на Голден Стејт стигна до третата победа во полуфиналето на Запад откако утринава по продолжение го совлада Портланд со 132:125 и сега води со 3-1 во победи.Во продолжението беше 21:14 за гостите.
Во составот на првакот Голден Стејт по повредата на коленото се врати МВП играчот на сезоната Стеф Кари што беше големо засилување за Голден Стејт.
Кари натпреварот го заврши со 40 поени, Клеј Томсон постигна 23, а Дрејмонд Грин 21 кај победникот, додека Дамиан Лилард уфрли 36 за Портланд.
Повратникот во тимот Кари одигра повеќе од 36 минути, особено што неговата „замена“ Ливингстон по две технички беше изклучен во финишот на првото полувреме.
Следниот натпревар се игра во среда на 11.мај.
Вечерва се дуелот Сан Антонио - Оклахома Сити (2-2 во победи).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ