Кошарка
11. April 2016 - 11:36

НБА лига: Познати екипите на Исток кои ќе играат во плеј офот

По одигрувањето на ноќешните натпревари познати се осумте екипи од Исток кои ќе играат во плеј офот. Единствено дилемата е во двојките од 1.коло бидејќи неколку тимови имаат скор на победи и порази многу изедначени и последните натпревари ќе решаваат за пласманот.

Пласман Источна конференција: 

Кливленд 56-24 (победи-порази), 

Торонто 54-26, 

Атланта 48-32, 

Бостон 47-33, 

Мајами 47-33, 

Шарлот 46-34, 

Индијана 43-37, 

Детроит 43-37.

На „Запад“ отворено е прашањето на последните две места, но Хјустон само со чудо може да биде пред конкурентите.

Пласман Западна конференција: 

Голден Стејт 72-9, 

Сан Антонио 65-15, 

Оклахома Сити 54-26, 

ЛА Клиперс 52-28, 

Портланд 43-38, 

Мемфис 42-38, 

Далас 41-39, 

Јута 40-40, 

Хјустон 39-41.