Кошарка
2. November 2015 - 10:08

НБА лига: Оклахома Сити го „растури“ Денвер

Кошаркарите на Оклахома Сити ја забележаа и третата сезона победа откако ноќеска на домашен терен го совладаа Денвер со убедливи 117:93. Седум играчи имаа двоцифрен број поени, а најефикасен беше Кевин Дјурант со 25 поени.
 
Со овој триумф Оклахома Сити е во групата екипи (Торонто, Детроит, Лос Анџелес Клиперс, Голден Стејт), кои имаат скор 3-0 (победи – порази), додека без пораз е уште и Минесота која има одиграно два натпревара (2-0).
 
Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Оклахома Сити – Денвер 117:93, 
Шарлот – Атланта 92:94, 
Бостон – Сан Антонио 87:95, 
Мајами – Хјустон 109:89, 
Торонто – Милвоки 106:87, 
Чикаго – Орландо 92:87 и 
ЛА Лејкерс – Далас 93:103.