Кошарка
6. April 2017 - 9:04

НБА лига: Кливленд „му покажа“ на Бостон кој е првак

Екипата на Кливленд предводена од својот прв играч Леброн Џејмс оствари победа на гости ноќеска во дуелот со конкурентот за првото место на Исток Бостон. Кливленд сега има една победа повеќе од конкурентот. Џејмс дуелот го заврши со 36 поени и1 0 скокови. Најпрецизен кај Бостон беше Ајзеа Томас со 29 поени.

Во Источната конкуренција борбата за последните две места ја водат три екипи кои имаат ист скор 38-40 (победи-порази).

На Запад за последното осмо место во игра останаа Портланд и Денвер, а Портланд има една победа повеќе.

 

Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Бостон - Кливленд 91:114,
Шарлот - Мајами 99:112, 
Детроит - Торонто 102:105, 
Хјустон - Денвер 110:104, 
Мемфис - Оклахома Сити 100:103, 
Сан Антонио - ЛА Лејкерс 92:105,
Феникс - Голден Стејт 111:120,
ЛА Клиперс -Далас 112:101.
 
Пласман Источна конференција: Кливленд 51-27 (победи-порази), Бостон 50-28, Торонто 48-31, Вашингтон 47-31, Милвоки 40-38, Атланта 39-38, Чикаго 38-40, Мајами 38-40, Индијана 38-40,...
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 65-14, Сан Антонио 60-18, Хјустон 53-25, Јута 48-30, ЛА Клипрес 48-31, Оклахома Сити 45-33, Мемфис 42-37, Портланд 38-40, Денвер 37-41,...
 
Екипите кои се со болдирани букви имаат обезбедено плеј оф.