НБА лига: 75 поени на Кари и Томсон против Мајами

Кошаркарите на првакот Голден Стејт постигнаа нова победа и ноќеска го совладаа Мајами на гостински терен. Тандемот Стеф Кари и Клеј Томсон поворно беа најефикасни кај победникот. Кари постигна 42 поена, а Томсон 33 од кои 15 во низа во последната четвртина (заедно 75). Инаку, двајцата заедно постигнаа 10 тројки со процент за реализиација од 50 отсто. Кај Мајами Двејн Вејд постигна 32 поена.
Резултати:
Кливленд – Шарлот 114:103,
Индијана – Њујорк 108:105,
Детроит – Филаделфија 111:91,
Мајами – Голден Стејт 112:118,
Торонто – Минесота 114:105,
Шарлот – Вашингтон 109:104,
Мемфис – ЛА Лејкерс 128:119,
Далас – Оклахома Сити 103:116,
ЛА Клиперс – Денвер 81:87 и
Сакраменто – Сан Антонио 92:108.
Пласман Источна конференција: Кливленд 41-15 (победи-порази), Торонто 38-18, Бостон 33-25, Мајами 32-25, Индијана 31-26, Чикаго 30-26, Атланта 31-27, Шарлот 29-27,...
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 51-5, Сан Антонио 48-9, Оклахома Сити 41-16, ЛА Клиперс 37-20, Мемфис 33-23, Портланд 30-27, Далас 30-28, Јута 28-28,...
Ново на Сител
-

Нова стратегија за развој на туризмот на југоистокот од земјава
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
