Кошарка
21. March 2021 - 11:39

НБА: Лејкерси поразени од Атланта, Леброн повреден

еброн Џејмс си замина од игра во втората четвртина со повреда на скочниот зглоб, по што тимот потврди дека тој е во аут на „неопределено“ време откако Лејкерс загубија со 99:94 на гости кај Атланта хокс.
 
Актуелните НБА шампиони исто така се без Ентони Дејвис, кој има пропуштено 14 натпревари со повреда на ногата и најверојатно ќе биде во аут до април, менувајќи ја трката за плејофот во нбА лигата.
 
36-годишниот ветеран се повреди, но потоа постигна тројка со што ја зголеми серијата на натпревари со барем 10 поени на 1.036, но кратко потоа побара тајмаут и потоа замина во соблекувалната.
 
„Не сме го виделе да вика така, тоа е сигурно“, изјави Кајл Кузма по мечот.
 
Џон Колинс имаше 27 поени и 16 скока, Треј Јанг додаде 14 поени за Хокс, кои пак, имаат осум победи во низа под новиот тренер Нејт Мекмилан.