-->
-->
НБА: Леброн на чекор до 100-тиот трипл-дабл
-->
Леброн Џејмс против Минесота го забележа 99 трипл-дабл во кариерата, а Хјустон Рокетс го израмнија неславниот клупски рекорд, со поразот од Атланта Хокс.
Лос Анџелес Лејкерс, 27 победа во 40 натпревар сезонава, ја забележаа против Минесота Тимбервулвс. Лејкерси убедливо победија со 137:121. Леброн Џејмс го забележа 99 трипл-дабл во кариерата со 25 поени, 12 скокови и исто толку асистенции. Два поени помалку за Лејкерс реализираше Монтрез Херел.
За „Волците“, по 29 поени постигнаа Карл-Ентони Таунс и Ентони Едвардс.
Атланта Хокс славеа победа над Хјустон Рокетс 119:107. Хокс се во серија од шест победи и ова е најдолгата низа на победи за нив уште од сезоната 2016/2017. Хјустон од друга страна немаат победа од 4.февруари, тие се во серија од 17 порази. Рокетес го изедначија најлошиот резултат во историјата на клубот. Последен пат Рокетс имале серија од 17 порази во сезоната 1967/1968, кога како Сан Диего Рокетс ја играа првата сезона во НБА.
Данило Галинари и Џон Колинс со 29, осносно 20 поени ја предводеа Атланта, додека кај Хјустон се истакна Виктор Оладипо со 34 поени.
Резултати:
Бостон-Јута 109:117, Чикаго-Оклахома 123:102, Мајами-Кливленд 113:89, Филалдлефија-Њујорк 99:96.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без струја неколку улици во општините Аеродром, Сарај, Центар и Ѓорче Петров
-
Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и топло со мала локална облачност
-
Специјален Самит на ЕУ посветен на Украина и европската одбрана
-
Обраќањето на Трамп во Конгресот го следеле на ТВ 36,6 милиони луѓе во САД
-
ЕИБ ќе обезбеди гаранции за 1,95 милијарди евра за поддршка на Украина
-
Трамп паузира со воведување царини за стоки од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија
-
Хегсет: САД се подготвени за војна со Кина
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради официјалната посета на претседателот на хрватскиот Сабор