-->
-->
НБА: Кога најдобрите не се поднесуваат?!
-->

Голден Стејт, во НБА дербито, забележа победа над Оклахома 111:95. Кошаркарите на лидерот во лигата успеаја да го задржат Расел Вестбрук на само 15 поени. Мечот го обележа дуелот помежу вестбрук и Стеф Кари, а физичка пресметка спречија нивните соиграчи.
Дуелите помеѓу Голден Стејт и Оклахома од оваа сезона добија нова димензија, откако Кевин Дурент замина од Оклахома и се пресели во тимот од Оукленд. Дурент овој дуел го пропушти поради повреда, но неговото отсуство не ги намали тензиите на теренот.
Силни физички дуели, провокации, технички грешки и како кулминација прекун поради вербалниот дуел помеѓу Кари и Вестбрук. Тепачка во финишот помеѓу овие двајца спречија соиграчите.
Инцидентот започна откако Кари со лакт го удри играчот на Оклахома Кристон, а потоа тој силно го оттурна играчот на Голден Стејт. Кари дозволи да биде испровоциран па тргна кон Кристон и Вестбрук.
Вестбрук влета во целата меѓаница го закачи Дрејмон Грин кој не му остана должен.
„Никој не може да ги удира моите соиграчи. Морав да влетам во мешаницата кога забележав дека Кари тргна кон Кристон“, рекол Вестбрук по натпреварот.
Инаку, Голден Стејт до победата го предводеа Клеј Томпсон со 34 и Стеф Кари со 23 поени, додека кај Оклахома најефикасен беше Виктор Оладипо со 17 поени, два помалку постигнаа Расел Вестбрук и Енес Кантер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарникарите стигнале на местото на пожарот во дискотеката Пулс пет минути по дојавата, имало многу заглавени лица
-

Приведен 34-годишник од Гостивар, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога | ФОТО
-

Сообраќајка во Охрид: Двајца возачи со забрани, едниот пијан
-

Скандал во Бугарија: Жени тајно снимани во салони за убавина, снимките завршиле на порно-сајтови
-

Конкурс за избор на невеста и зет на „Галичка свадба 2026“
-

Втор ден од преговорите Русија – Украина во Абу Даби
-

Берлинскиот аеродром ги суспендира сите полетувања поради снег и замрзнат дожд
-

Зверев е подобар од Ѓоковиќ
