-->
-->
НБА: Клупски рекорд на Сан Антонио
-->

Четири натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА, на кои победи забележаа екипите на Сан Антонио, Кливленд, Денвер и Торонто. Сан Антонио ја запиша 55-та победа во сезоната и го забележа најдобриот скор на франшизата по 65 одиграни натпревари.
Сан Антонио го совлада Чикаго (109:101), што за Спарси е 40-та победа во низа на домашен терен. Подобри од нив се само играчите на Голден Стејт кои имаат серија од 46-победи во низа на домашен терен.
Двоецот Ленард (29 поени, 7 скока) и Ламаркус Олдриџ (26 поени, 10 скока) го предводеше Сан Антонио до 55-та сезонска победа. По подолго време добар меч одигра и ветеранот Тони Паркер кој имаше учинок од 20 поени и 12 асистенции.
На спротивната страна Пау Гасил и Дерик Роуз постигнаа по 21, а Етван Мур 20 поени.
Коби Брајнт го одигра последниот дуел против Леброн Џејмс, а неговите Лејкерси загубија од Кливленд (108:120). Коби мечот го заврши со 26 поени, два повеќе од Д’Анџело Расел. Ирвинг кај Кливленд беше најефикасен со 26 поени, Леброн постигна 24, а Ченинг Фрај 21 поен.
Торонто, во дуелот со Атланта, стигна до 43-та сезонска победа. Дерозан постигна 30 поени во победата на Торонто 104:96.
Денвер убедливо славеше над Феникс 116:98. До 27-та победа во сезоната Денвер го предводеа Емануел Мудиај со 30 поени и пет асистенции, односно Никола Јокиќ со 18 поени и 10 скокови. Кај Феникс кој го забележа 48-от пораз во првенството најефикасен беше Девин Букер со 35 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гренланд ја отфрли идејата на Трамп за испраќање медицински брод
-

ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор
-

Како со децата со атипичен развој | Огњен Самарџиќ и Добрина Костовска | Sitel Podcast 139
-

Кривична пријава против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари
-

Стружанка почина откако во неа удрило товарно возило
-

Виткоф: Преговорите за мировниот план за Украина би можеле да се одржат во рок од три недели
-

Возел со 203 километри на час наместо максимално дозволени 120, лишен од слобода возач на автопатот Неготино - Стоби
-

Германија планира да ја забрза интеграцијата на барателите на азил на пазарот на трудот
