-->
-->
НБА: Кливленд поведе со 2-0 против Торонто
-->
Кошаркарите на Кливленд Кавалирс продолжуваат со импресивните партии во плејофот, откако против Торотно ја забележаа десеттата победа во исто толку натпревари во разигрувањето за титулата. Ноќта помеѓу четвртокот и петокот, Кливленд запиша уште една убедлива победа над Торонто 108:89 и поведе со 2:0 во финалната серија на Истокот.
Кливленд во плејофот потврдува дека во Источната конференција нема сериозна конкуренција, откако на првиот меч славеше 115:84, во вториот Леброн Џејмс со „трипл дабл“ од 23 поени и по 11 скокови и асистенции, го предводеше тимот до победата од 108:89. Џејмс го престигна Шекил О’Нил на четвртото место на листата на најдобри стрелци во плејофот.
Џејмс стигна до бројката од 5255 поени во разигрувањето, а пред него се Коби Брајант (5640), Карим Абдул-Џабар (5762) и Мајкл Џордан (5987).
Кливленд ја забележа десеттата победа во исто толку натпревари и го израмни рекордот на ЛА Лејкерс (1989, 2001) и Сан Антонио (2012). Лидер на оваа листа со 11 победи во низа во плејофот е генерацијата на Лејкерси од 1989 година.
На овој натпревар тренерот на Кавалирс, Тајрон Лу, со споменатите десет победи, го израмни дебитанскиот рекорд на славниот Пет Рајли од 1982 година.
Покрај Џејмс, кај Кливленд се истакнаа и останатите двајца од големата тројка на Кавалирс, Кајри Ирвинг постигна 26, а Кевин Лав 19 поени.
Торонто го предводеше Демар Дерозан постигна 22 поени, тројца резервисти (Рајс, Џосеф и Џонсон) постигнаа по 11 поени, а пофторно потфрли Кајл Лаури кој постигна 10 поени, но погоди само осум од 28-те обиди од поле.
Третиот натпревар од финалната серија на Истокот ќе се одигра в сабота, во Торонто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За прв пат во историјата Јувентус не загуби натпревар од Серија А, во кој заостануваше со три гола
-
Си Џинпинг и го честита на Сиљановска Давкова изборот за претседател
-
Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран
-
Падна и член на Советот на јавни обвинители, Мемети осомничен за поткупот во случајот на Боро Малборо
-
Гласаат болните, изнемоштените и затворениците пред утрешното прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места
-
Судскиот совет му го одзема имунитетот на врховниот судија Георгиев и одобри негов притвор
-
Серија од 49 земјотреси во регионот на Неапол, најголем број во последните 40 години
-
Косовската полиција во филијалите на српската Поштенска штедилница во северно Косово запленила 1,6 милиони евра и 74,7 милиони динари