НБА издаде протокол за невакцинирани играчи
– НБА објави „Протокол за здравје и безбедност“ на 65 страници за сезоната 2021/22, вклучувајќи насоки за вакцинирани и невакцинирани играчи.
Правилата за невакцинирани кошаркари вклучуваат секојдневно тестирање за КОВИД-19, социјална оддалеченост до два метра на состаноци на тимот, забрана за храна во иста просторија со други играчи, забрана за посета на барови, ресторани, клубови, места за забава или големи собири.
Правилата им даваат многу поголема слобода на вакцинираните играчи. Особено, од играчите не се бара да подлежат на тестирање, освен ако не биле во близок контакт со лице кое имало позитивен тест на коронавирус. Дури и по близок контакт со болно лице, играчот нема да биде ставен во карантин.
Според последните податоци, повеќе од 90 проценти од НБА играчите се вакцинирани. Сепак, има неколку големи ѕвезди, како Кајри Ирвинг (Бруклин), Бредли Бил (Вашингтон) и Ендрју Вигинс (Голден Стејт) кои јавно се противат на вакцинацијата.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини