-->
-->
НБА: Голден Стејт победи во Хјустон
-->
Кошаркарите на Голден Стејт направија брејк во Хјустон, но убедливата победа на актуелните шампиони ја засени новата повреда на Стеф Кари. Првата плејоф рунда со максимални 4-0 ја минаа Сан Антонио и Кливленд, додека Бостон во драмтичен меч, славеше по едно продолжение над Атланта и израмни во серијата на 2-2.
Неверојатна трета четвртина одиграа кошаркарите на Голден Стејт во Хјустон, постигнаа 41 поен, примија само 20 со која и го решија победникот во четвртиот меч и поведоа со 3-1 во серијата.
Дамка на триумфот на Голден Стејт фрли новата повреда на Стеф Кари, кој поради повреда на глуждот ги пропушти претходните две средби. Кари во финишот на првото полувреме го повреди десното колено, замина во соблекувалната и повеќе не се врати на теренот.
Американските медиуми шпекулираат со сериозноста на повредата, а црните прогнози се дека можеби го скинал вкрстениот лигамент во коленото.
Клеј Томпсон постигна 23 поени, минатогодишниот МВП на финалната серија Андре Игуадала уфрли 22 поени, а Дрејмонд Грин мечот го заврши со 18 поени, осум скокови и шест асистенции.
Актуелните шампиони на овој меч поставија нов плејоф рекорд, откако постигнаа 21 тројка, со што го надминаа претходниот рекорд на Далас и Кливленд.
Двајт Хауард со 19 поени и 15 скокови беше најдобриот играч на Хјустон, а Џејмс Харден, кој воопшто не играше во последната четвртина имаше учинок од 18 поени, 10 асистенции и седум скокови.
Бостон ја искористи предноста на домашниот терен и по 0-2, успеа да израмни во серијата со Атланта. Натпреварот беше решен во продолжението (104:95), иако Атланта во третата четвртина имаше предност и од 16 кошеви.
Слично како и на третиот меч, Бостон го предводеше Ајзеа Томас со 28 поени, а поддршка доби од Маркус Смарт (20 поени) и Еван тарнер (17 поени).
На Атланта не и помогна ниту маестралната партија на Пол Милсап кој постигна личен плејоф рекорд од 45 поени, на кои придодаде 13 скокови и четири блокади.
Сан Антонио, според очекувањата, го збриша десеткуваниот тим на Мемфис. Последната победа во серијата, Спарси ја забележаа во Мемфис, каде славеа со 116:95. Каваи Ленард постигна 21, а Тони Паркер 16 поени за Сан Антонио, кој во конференциското полуфинале ќе игра со победникот од серијата помеѓу Оклахома и Далас (3-1).
Со чисти 4-0 првата плејоф рунда ја мина и Кливленд. Кајри Ирвинг постигна 31 поен, 20 во второто полувреме и го носеше Кливленд до минимална победа 100:98. На спротивната страна Маркус Морис постигна 24 кошеви.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски дрон удри во нуклеарката во Чернобил | ВИДЕО
-
МЗШВ: Во чест на денешниот празник Свети Трифун, исплатени се 315.745.324 денари кон 11.689 лозари
-
Странски туристички агенти влегоа во Северна Кореја првпат по затворањето на границата во 2020 година
-
Таравари: Со пакет мерки да ги решиме грбот, химната и другите заостанати прашања
-
Дибала повторно се повреди
-
Манчестер Сити губи клучен играч до крајот на сезоната
-
Раниери лут по мечот со Порто: Судијата едвај чекаше нешто да се случи, за да му ја подари победата на противникот
-
Изгоре куќа во село Иловица, струмичко