-->
-->
НБА финале: Кливленд намали на 3-1
-->
Кошаркарите на Кливленд намалија на 3-1 во победи за Голден Стејт откако ноќеска во четвртиот натпревар од финалето го победија ривалот на домашен терен со 137:116 (49:33; 37:35; 29:28 и 20:22). Шампионот водеше во текот на целиот натпревар откако во првата четвртина постигна 49 поени.
Триото на Кливленд Џејмс, Ирвинг и Лов заедно постигнаа 94 поени.
Леброн Џејмс дуелот го заврши со „трипл-дабл“ 31 поен, 10 скокови и 11 асистенции.
Ова за него беше деветти „трипл дабл“ на финален натпревар со што стана рекордер откако го мина Меџик Џонсон.
Ниту една екипа во финалето од НБА лигата не се вратила по негатива од 0-3.
Следниот натпревар од финалето се игра на 12.јуни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат