-->
-->
НБА: Дуелот со „Вориорс“ го возбудува Џејмс
-->
Најдобриот играч на Кливленд Кавалирс очекува жестоки дуели со Голден Стејт вориорс во борбата за шампионскиот прстен во НБА лигата. Трета сезона во низа овие два тима ќе се борат за трофејот Лери О’Брајен, а во претходните две соочувања и Кливленд и Голден стејт освоија по една титула.
„Ова е голем предизвик. Тие момци опасно ќе ме предизвикаат мене и мојот клуб. Тие се исклучително силен тим, сум играл против слични, против Реј Ален, Кевин Гарнет, Пол Пирс, Ражон Рондо и Док Риверс со Бостон Селтикс. Ова и психички ќе биде голем предизвик. Но, убеден сум дека имаме добри шанси. Не се знае каков ќе биде конечниот исход, но ќе има што да се пишува во текот на серијата. Јас лично сум возбуден што ќе бидам дел од оваа финална серија“, рекол Џејмс.
Финалето помеѓу Голден Стејт и Кливленд ќе почне ноќта помеѓу четврток и петок, во 3 часот. Првите два натпревари ќе се играат во Оукленд, а потоа сријата се сели во Кливленд каде ќе се одиграат три натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство