Кошарка
11. November 2018 - 13:17

НБА: Дончиќ се подобар и подобар

Од Лука Дончиќ се очекуваше многу пред стартот на неговата НБА кариера, и засега словенечката ѕвезда ги оправдува сите очекувања, откако повторно беше најефикасен за Далас маверикс, со 22 поени, 8 асистенции и 6 скока за 111:96 победа над Оклахома сити.

Потпомогнат од ветеранот Џеј Џеј Бареа, кој имаше 21 поени, од кои 16 во првото полувреме, Маверикс стигнаа до само втората победа во последните девет меча и во исто време ја прекинаа низата од седум победи на Тандер.

19-годишниот Дончиќ, најмладиот кошаркар на Маверикс, има просек од над 20 поени по натпревар.