-->
-->
НБА: Чикаго и Индијана поблиску до плеј офот
-->
Екипите на Чикаго и на Индијана постигнаа победи на ноќеска одиграните дуели во НБА лигата. Со овие триумфи и двете екипи имаат подобар биланс за една победа од Мајами во борбата за место во плеј офот. Чикаго како гостин ја победи Филаделфија, а најдобар на теренот беше Џими Батлер со „трипл-дабл“ учинок 19 поени, 10 скокови и 10 асистенции. Индијана до триумфот стигна благодарение на серијата од 13-0 во третиот период.
Резултати: Филаделфија – Чикаго 90:102, Орландо – Бруклин 115:107, Индијана – Милвоки 104:89, Њујорк – Вашингтон 103:106, Атланта – Бостон 123:116 и Портланд – Минесота 105:98.
Пласман Источна конференција: Кливленд 51-27 (победи-порази), Бостон 50-29, Торонто 48-31, Вашингтон 48-31, Атланта 40-38, Милвоки 40-39, Чикаго 39-40, Индијана 39-40, Мајами 38-40,...
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 65-14, Сан Антонио 60-18, Хјустон 53-25, Јута 48-30, ЛА Клиперс 48-31, Оклахома Сити 45-33, Мемфис 42-37, Портланд 39-40, Денвер 37-41,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка