Кошарка
26. December 2016 - 9:00

НБА: Божикна победа за шампионот Кливленд

Шампионот Кливленд избори победа на божикниот натпревар во НБА лигата откако го совлада финалистот Голден Стејт со кошот на Кајри Ирвинг на 3.4 секунди до крајот. Гостите водеа во најголемиот дел од натпреварот, а највисоката предност ја имаа на почетокот на четвртата четвртина 14 поени разлика (94:80). Леброн Џејмс дуелот го заврши со 31 поен, а Ирвинг имаше 25 поени, со 10 асистенции и 7 украдени топки. Најефикасен беше играчот на Голден Стејт Кевин Дјурант со 36 поени.

Од другите дуели за одбележување е дека ЛА Лејкерс ја прекина серијата од 11 порази откако го совлада градскиот ривал ЛА Клиперс, Расел Вестбрук (Оклахома Сити) постигна 31 поен, со 15 асистенции, Ајзеа Томас (Бостон) реализираше 16 од своите 27 поени во вториот дел, а ЛаМаркус Олдриџ (Сан Антонио) ги погоди првите 11 удари од поле и дуелот против Чикаго го заврши со 33 поени.

На ноќеска одиграните дуели беа постигнати следниве резултати:

Њујорк – Бостон 114:119,

Кливленд – Голден Стејт 109:108,

Сан Антонио – Чикаго 119:100,

Оклахома Сити – Минесота 112:100 и

Лос Анџелес Лејкерс – Лос Анџелес Клиперс 111:102.