Кошарка
8. December 2015 - 9:19

НБА: Блесок на Марјановиќ

Екипата на  Сан Антонио забележа убедлива победа против Филаделфија од 119-68 а за првпат одлична партија одигра српскиот центар Бобан Марјановиќ кој постигна 18 поени со 4 скока и една асистенција. 

Претходно Марјановиќ одигра две средби за екипата на Остин во развојната лига на НБА.
Нов пораз вечерта забележа Минесота од 110-106 во дуелот со  ЛА Клиперс.