-->
-->
НБА: Атланта за една четвртина се врати од -26 и го победи првакот Кливленд
-->
Кошаркарите на Атланта направиј голем пресврт откако на крајот од третата четвртина беа во негатива од 26 поени, но се изборија за продолжение и по дополнителните пет минути изборија победа во дуелот со првакот Кливленд. Четвртата четвртина Атланта ја доби со 44:18. Најефикасни беа Пол Милсап со 22 поена и Тим Хардевеј Јуниор со 21.
Кај Кливленд Кајри Ирвинг реализираше 45 поени, а Леброн Џејмс имаше „трипл-дабл“ 32 поена, 16 скокови и 10 асистенции. Со ова продолжува борбата за број 1 на Исток бидејќи Кливленд и Бостон имаат ист скор.
Рекордниот „трипл-дабл“ во една сезона или вкупно 42.ри го забележа Расел Вестбрук со кош (тројка) за победа на Оклахома Сити. Тој против Денвер имаше 50 поени, 15 скокови 10 асистенции. Со овој учинок го надмина досегашниот рекорд на Оскар Робертсон со 41 „трипл-дабл“ во една сезона поставен пред 56 години. Поразот на овој дуел за Денвер значеше дека оваа екипа остана без плеј оф сезонава бидејќи Портланд сега има недостижен биланс.
„Трипл-дабл“ вкупно 21-ви сезонава имаше и Џејмс Харден: 35 поени, 15 скокови 11 асистенции.
Резултати:
Њујорк - Торонто 97:110,
Атланта - Кливленд 126:125 (продолжение),
Денвер - Оклахома Сити 105:106,
Феникс - Далас 124:111,
Сакраменто - Хјустон 128:135,
Мемфис - Детроит 90:103,
ЛА Лејкерс - Минесота 110:109.
Пласман Источна конференција: Кливленд 51-29 (победи-порази), Бостон 51-29, Торонто 50-31, Вашингтон 48-32, Атланта 42-38, Милвоки 41-39, Индијана 40-40, Чикаго 39-41, Мајами 39-41,...
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 66-14, Сан Антонио 61-19, Хјустон 54-26, ЛА Клиперс 49-31, Јута 49-31, Оклахома Сити 46-34, Мемфис 43-38, Портланд 40-40, Денвер 38-42,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ
-
Министерство за здравство: Ќе се утврдат причините за смртта на 14-месечно бебе