Назначени 14 нови в.д. директори на ЈЗУ, еве ги имињата
Од Министерството за здравство денеска информираа дека изминатите денови се назначени 14 нови в.д. директори на јавни здравствени установи низ државата.
Нови в.д. директори се назначени на Клиничката болница во Битола, Општата болница во Куманово, Општата болница во Велес, Општата болница Охрид, Клиниката за торакална и васкуларна хириргија, Клиниката за детска хирургија, Институтот за трансфузиона медцина, и Психијатриската болница во Демир Хисар.....
- Ненси Лозанче на Клиничка болница - Битола, Амир Елези на Институт за трансфузиона медицина - Скопје, Стефан Трајановски на Општа болница - Куманово, Александар Бузалков на Општа болница - Велес, Стевче Цветановски на Психијатриска болница - Демир Хисар, Невена Маневска на Универзитетски институт за позитронско-емисиона томографија, Мухсин Арифи на Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ - Скопје, Горан Маркоски на Општа болница - Охрид, Игорче Џиковски на Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, Лазе Јовчевски на Универзитетска клиника за детска хирургија, наведуваат од Министерството за здравство.
Стојанче Петров е нов в.д. директор на Здравствен дом - Радовиш, Рената Пешиновска на Здравствен дом - Вевчани, Шпенди Амети на Центарот за јавно здравје - Тетово, а Горан Кузески на Центарот за јавно здравје - Прилеп.
Ново на Сител
-
Променливо облачно со сончеви периоди, во среда повремени врнежи од дожд
-
Македонија поразена од фаворитот Франција во Вараждин
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО