Македонија
25. January 2024 - 17:09

Навреди помеѓу пратениците на стартот на дебатата за Законот за помилување

Законот за помилување влезе во собраниска процедура додека во исто време премиерот Ковачевски поднесуваше оставка. Наместо министерот за правда или неговата заменичка, законското решение пред Комисијата за политички систем го бранеше претставник од министерството.

Токму ова беше главна забелешка на опозицијата, која не доби поддршка од власта.

По два часа дебата дали Собранието воопшто треба да го разгледува законот, седницата беше прекината во тензична атмосфера во која пратениците си разменија навреди.

Најзначајната измена која се прави со законот е тоа што шефот на државата нема да може како досега да помилува лица за кои се води кривична постапка, туку само осудени лица. Се воведуваат и конкретни рокови за постапување на учесниците во постапката за помилување.