Навреди на седницата на Град Скопје: Арсовска го нарече Славески Хитлер, деспот, тиранин
Нови тензии, навреди и препукувања на релација претседател на Советот на град Скопје, Трајко Славески и градоначалничката Данела Арсовска на денешната 19-та седница на Советот на град Скопје.
-Заради недолично однесување и навреди кон претседателот на Советот на град Скопје ѝ одзедов збор на градоначалничката Арсовска, изјави Славески.
По ова Арсовска стана и се доближи во говорницата во градското Собрание.
-Вашиот капацитет е еднаков на нула, каков што е вашиот интегритет. Имаме право на кој начин ќе се изјасниме. Вие сте тука деспот и тиранин, се изживувате. Јас имам право да одговарам на прашањата. Немате право да одземате збор на градоначалникот. Не се ова опструкции. Единствено недолично однесување во оваа сала го имате вие. Немате грам интегритет. Жално е што си ја завршивте кариерата како деспот. Директно штетите на градот со вашето однесување, рече градоначалничката.
Славески после тоа ја прекина денешната 19-та седница на Градот.
-Заради опструкции на градоначалничката ја прекинувам седницата за поставување советнички прашања, затоа што не постојат услови заради недоличното однесување на градоначалникот, одговори Славески и додаде бил наречен Хитлер од градоначалничката.
Градоначалничката на тоа додаде: „Ова е мојот дом, мојата куќа и не можете да ми го земете зборот“.
Ново на Сител
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал
-
Трамп би можел да ја укина целата помош за Украина