Навивањето против Канзас го чини три милиони

Навивачот на Сан Франциско Џим Мекингвил позант како Матрес Мек, сопственик на продавници за мебел, изгубил еден милион долари во поразот на Сан Франциско Фортнајнерс од Канзас Чифтс.
Мек на два тикети се ставил по 500.000 долари на победа на Сан Франциско. Облогот бил уплатен во касиното „Мираж“ во Лас Вегас. Исто така објавил дека на сите оние што ќе купат мебел во неговите продавници на денот кога ќе се игра натпреварот и потрошат над 3.000 долари, дека ќе им ги врати парите доколку Сан Франциско победат.
Ова не се случи бидејќи Сан Франциско иако имаа 20:10 на полувреме, на крајот беа поразени.
Мек во текот на целата сезона се обложувал против Канзас. Еден милион долари изгубил кога Канзас во дивизискиот плеј-оф ги елиминирал Хјустон. Хјустон на тој меч воделе 24:0, а биле поразени 31:51.
Во финалето на конференцијата вложил еден милион долари на Тенеси против Канзас и изгубил.
Инако сето ова за Мек претставува маркетинг. Целта му е да привлече повеќе луѓе во своите продавници.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
