-->
-->
Навивачите на солунски ПАОК со транспарент: Македонија е една и е овде
-->
Плакат со натпис на англиски јазик „Македонија е една и единствена и е овде“ (Macedonia is one and only and it’s here) поставија навивачите на ПАОК за време на вчерашниот фудбалски натпревар со холандски Ајакс во квалификациите за Лигата на шампиони.Паното со слоганот, на трибината на стадионот „Тумба“ во Солун беше поставено пред почетокот на натпреварот и остана таму сѐ до крајот.
Станува збор за истото пано кое навивачите на солунскиот фудбалски клуб и во минатото го поставуваа на трибината кога беа домаќини, како за време на натпреварите со европски екипи, така и за време на оние од домашното првенство, jави дописничката на МИА од Атина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Лукаку: Чест и привилегија е да се настапува за Фенербахче
-

Воената помош за Украина во јуни достигна 7,2 милијарди евра
-

„Вашингтон пост“: Трамп планира градежни проекти во Белата куќа во вредност од најмалку 927 милиони долари
-

Ќерката на Бил Гејтс обвинета за контроверзна практика што на компанијата ѝ носела приходи
-

Мицкоски за 25 години Рамковен договор: Минатото не можеме да го промениме, но можеме да одлучиме каква иднина ќе изградиме
-

Во јуни издадени за 39 отсто повеќе одобренија за градење од лани
-

Општина Касандра на Халкидики продолжува со отстранувањето на нелегално поставената опрема на плажите
-

Сиљановска-Давкова: Струга е пример за вредностите на Рамковниот договор и соживотот
