Живот
31. October 2018 - 21:52

Навистина автобусот е голем, ама стихијата е посилна: Возач направи катастрофална проценка, снимката сега е предупредување до сите

Во текот на рекордните врнежи кои на 16 октомври се случија во САД се поплави подрачјето на градот Леандер во Тексас.

Возачот на автобусот се обидел да вози делумно по поплавените патишта на кои водата била релативно ниска иако сообраќајот бил запрен. За жал проценката била лоша и го запрела водената стихија, а камерата на предниот дел од возилото покажува што понатаму се случило.

Полициската управа на Леандер објави видеоснимка на својот Фејсбук за да предупреди за опасностите кои го следат возењето по патишта во поплавено подрачје.

Како што напишаа во описот на објавеното видео, дури и надојдената стихија до пола метар висина може да покрене возило како што е автобус, доволно високо за возачот да изгуби контрола и да го преземе возилото стихијата од кал и вода.

Полицијата предупредува дека во случај на поплави возачите да завртата и да се вратат по патот по кој стигнале за да го спасат својот, и животите на другите патници.