Наутро или навечер, кога е подобро да се туширате?

Експертите предупредуваат дека секојдневното туширање, без разлика колку е пријатно и пожелно во време на висока температура и прекумерно потење, не е толку здраво за кожата, бидејки ги суши природните маснотии кои служат како заштита. Агресивните средства полни со детергент као што е СЛС (содиум лаурет сулфат) можат да предизвикаат прекумерна сувост, па и потење, па се советува повремено користење на гелови за туширање, а почесто да се миете со обична вода.
Навиките за туширање се често и културолошки, така што во Азија често се тушираат навечер, додека, пак, во САД се тушираат во утринските часови. Во Европа такви правила нема, па така љубителите на утринското и вечерното тушурање се во сличен број.
Предности на утринско туширање
1.Утринскиот туш расонува подобро од кафето – ја поттикнува циркулацијата и го забрзува пулсот, со што го става телото во погон и овозможува подобра концентрација во утринските часови.
2.Туширањето наутро е подобро за луѓето со масна и со нечиста кожа, кои преку ноќ се потат и на кои, подоцна во текот на денот, можат да им се затворат порите. Препорачливо е користење на млака вода.
3.Ја намалува мускулната напнатост, па така утринскиот туш е одличен за да ја намалите вкочанетоста во вратот или болката во грбот.
Предности на вечерно туширање
1.Туширање навечер е одличен начин за опуштање по долгиот напорен ден. Тушот го симнува крвниот притисок и го намалува стресот.
2.Вечерниот туш ќе ви помогне брзо да заспиете – тоа е потврден лек за несоница бидејки дејствува смирувачки со што му сигнализира на телото да започне со ослободување на мелатонин, хормон кој го поттикнува сонот.
3.Вашата постелнина ќе биде чиста доколку се туширате пред спиење. Всушност, колку и да се сметате за чиста особа, нечистотијата и мртви клетките се собираат на кожата.
Ново на Сител
-

Србинот Дејан Мијатовиќ нов тренер на МЗТ Скопје
-

Мицкоски од Берлин: Македонија активно учествува во разговорите за глобалната безбедност и предизвиците во светот
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуваниот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија Ибрахим Ал-Мади
-

Директорот на Мајкрософт: Вештачката интелегенција би можела да предизвика бројни проблеми
-

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во државата
-

Николоски - Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработка
-

Полицијата во Белгија со помош на „ГТА 6“ ги предупредува младите: Играта не е вистински живот
-

Мицкоски: Ја потврдивме поддршката за постигнување праведен и траен мир преку дијалог, дипломатија и координација
