Наумовска: Нови 10 проценти зголемување на платите во образование од јануари 2020 година, на прав пат смe
Владата утре во рамки на редовната 164. седница ќе ги утврди Предлог-буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2020 година.
На дневен ред на седницата, соопшти владината прес-служба, се повеќе точки од програмата за работа и од интерес за граѓаните.
На предлог на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, ќе биде ставена на усвојување Предлог-програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019 година, а на предлог на Министерството за труд и социјална политика Владата ќе одлучува и по Предлог-програмата за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2019 година.
Министерството за образование и наука за оваа седница ги стави на дневен ред Предлог-програмата за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2019 година, како и информацијата со Предлог за воспоставување на регионални центри за стручно образование и обука.
Седницата на Владата е предвидено да почне во 9 часот.
Ново на Сител
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола