Македонија
23. March 2020 - 16:58

Науката во трка со времето за вакцина- клинички се тестира лек против коронавирусот.

35 светски компании се натпреваруваат кој прв ке ја пронајде вакцината против корона вирусот.  Почнаа и првите тестови врз луге.  Во САД  внимателно се следи сотојбата на доброволците кои ја примија експерименталната вакцина. Тие ке бидат под мониторинг наредните 14 месеци. 

Паралелно со американците на превентивата  работи  и Кина која го има  првото и најголемо искуство со вирусот. Во кинеските лабаратории се вакцинирани, вкупно 108 волонтери сите од регионот на  Вухан. Русија и Европа исто така работат на вакцината, во Германија се прават мултинационални напори .

Сепак не се сите така солидарни. Политичарите бараат ексклузивни права на новите вакцини и нивна брза испорака. Но фармацевтските компании и здравствените работници предупредуваат дека за тоа  ќе бидат потребни најмалку 12 до 18 месеци .

Во  исто време во Европа почнаа  клинички тестови за четири експериментални методи за лекување на Ковид-19.  Тестовите се изведуваат со пациенти од Франција, Германија, Белгија, Луксембург, Холандија, Шпанија и Велика Британија кои се инфицирани со коронавирусот и се наоѓаат во болница.

На  3200 лица се применети  лекови  кои веке се употребени во лечење на африканската ебола и хив вирусот,  како и терапијата  за маларија , добро познатиот хидроксихлорохинот.

Тестирањата се одвиваат под името „ Discovery“. Под раководство на Светската здравствена организација се вршат и други клинички тестирања под името „ Solidarity "

 Досега не е дадена дозвола за ниту еден лек за третман на новото белодробно заболување. Во мегувреме експертите потсетуваат да се подигне имунолошката состојба на населението  , за да се одбрани од  вирусот. 

Според податоци на американскиот Универзитет Џон Хопкинс, во светот со коронавирус се заразени 351.198 луѓе, а починале 15.361.