Научно стручна расправа за доказите и докажувањето во кривичната постапка

Ефикасно функционирање на казненото право и употребата на доказите и докажувањето како основа за утврдување на вистината и правдата се теми на денешната научно стручна расправа „Отворени прашања во врска со доказите и докажувањето во кривичната постапка", во организација на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, МАНУ и Амбасадата на САД во РМ.
Раководителот на Центарот за стратегиски истражувања Владо Камбовски рече дека расправата е замислена како дискусија за одредени отворени прашања за тоа како се утврдува вистината во кривична постапка како претпоставка за ефикасна примена на правото.
- Правото не може да функционира без вистината и правдата, бидејќи тоа се неговите две основни водечки идеи. Цел на постапката е барањето секој виновен да биде осуден, а невиниот да биде заштитен и ослободен. Како ќе знаеме кој е виновен ако не ја утврдиме вистината, изјави Камбовски.
Посочи дека за македонското општество соочувањето со вистината е единствениот начин, општеството да се избори со кризата и да тргне во помирни води на едно стабилно општество кое живее со неговите хумани вредности.
- Aко човек не е сигурен во однос на такви крупни работи како што е вистина, станува несигурен во однос на сите животни услови, рече Камбовски.
Претседателот на Здружението за кривично право и криминологија Трпе Стојановски рече дека доказите се основен сегмент во казнената постапка и дека главното прашање е колку законите што денеска ги имаме овозможуваат оптимална рамка во која може да се обезбедат квалитетни докази прифатливи за судот, а кои не се во функција на нагласена ефикасност на сметка на човековите права.
- Изминатиот период се работеше на усогласување на казненото право на Македонија согласно со меѓународните документи. Колку регулативата е усогласена и колку овозможува квалитетно и во соодветни постапки да се обезбедат доказите. Дали овие докази на единствен начин ќе може да се прифатат од обвинителството, колку тие се квалитетни и обезбедени на начин да бидат третирани како докази во една фер постапка и дали тие пред судот ќе може да се препознаат како вистински докази и врз основа на нив да се донесе соодветна судска одлука, рече Стојановски.
Шефот за политички и економски прашања во американската Амбасада во Македонија Дејвид Стивенсон рече дека користењето докази е особено комплексна област во нашиот законски систем.
- Важно е да се воспостават јасни правила за сите, што се применуваат подеднакво и транспарентно. Со тоа се помага на независноста на обвинителството и судството, кои се основата на демократските општества. Само така може да се изгради верба на јавноста во судскиот систем и да се овозможат судиите и јавните обвинители да работат на насоките содржани во извештајот на Прибе и извештајот за човековите права, рече Стивенсон.
Посочи дека транспарентноста и независноста на судството се едно од клучните барања за интегрирање на Македонија кон НАТО и ЕУ.
Ново на Сител
-

Хeмичaрот кoј дoби „Инжeнeрски прстен“ од државата | Кирил Христовски - ПМФ | Sitеl Pоdcаst 138
-

Најдобрата македонска кошаркарка стави крај на кариерата
-

ЕК објави список со предлози за дополнителни санкции против Русија
-

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег
-

ФФМ го казни својот поранешен претседател Сејдини поради финансиска измама
-

23-годишна кумановка со авотмобил удрила во 7-годишно девојче и тешко го повредила
-

Две лица, едниот од нив 18-годишник, извршиле тешка кражба во викендичка во Велес
-

Кривична за четири лица, меѓу кои двајца полицајци; за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат лични документи
